Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Соопштение* на Главниот штаб до реонските раководства дека востанието ќе биде прогласено на Илинден

Браќа,

Најсетне многуочекуваниот ден за пресметка со нашиот вечен душманин дојде.

Крвта на на нашите невино загинати браќа од турската тиранија вика високо за одмазда.

Погазената чест на нашите мајки и сестри го сака своето возобновување!

Доста е толку маки, доста е толку срам!

Илјада пати подобро смрт, отколку срамен и скотски живот.

Определениот ден, во којшто народот од цела Македонија и Одринско ќе треба да излезе јавно со оружје в рака против душманите, е 20-ти јули.

Следете ги браќа, вашите водачи тој ден и соберете се под знамето на слободата.

Бидете упорни, браќа, во борбата. Нашиот спас е само со упорна и долготрајна борба.

Нека Бог го благослови нашето праведно дело и денот на востанието.

Долу Турција! Долу тиранот! Смрт на душманите!

Да живее народот! Да живее слободата! Ура!


Ве милува братски: Штабот

*Краткото соопштение е составено на 9 јули од Сарафов и Лозанчев, и потоа заедно со прогласот беа хектографирани во с.Боишта (на 15 јули) и препратени до сите реони.

<<Назад | Почеток