Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

Атанас Перев - Мурџев

Роден е во Прилеп во 1875 година. Ја завршил Солунската егзархиска гимназија. Бил близок другар со Д.Груев, П.Тошев и Ѓ.Петров.

Во редовите на Револуционерната организација се вклучил уште во нејзините први години. Бил голем агитатор и организатор на ослободителното движење. Зел учество во вооружената борба, отпрвин како четник, а потоа и како војвода. Учествувал во Илинденското востание. По Балканските војни се повлекол во Бугарија каде останал и да живее.

<< Претходна | Следна>> | Именик