Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Борис (Стојанов) Дрангов

Роден е на 3 март 1872 година во Скопје. Завршил педагошко училиште во родниот град, а потоа и воено училиште во Софија. Ја напуштил офицерската должност и со своја чета од 120 луѓе се вратил во Македонија за да земе учество во Илинденското востание. По востанието заминал во Санк Петербург, каде го продолжил военото образование и завршил воена академија.

Како полковник во бугарската армија учествувал во Балканските и Првата светска војна.

Загинал на 26 мај 1917 година, како командир на 9-тиот пешадиски полк, во борбите на Македонскиот фронт, кај реката Црна, Битолско.

<< Претходна | Следна>> | Именик