Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Димитар Гуштанов Атанасов

Роден е во с.Крушево, Серски Демирхисар. Се школувал во родното село, педагошко училиште во Сер и богословија во Самоков. Завршува право во Лозана (Швајцарија). По враќањето станува учител во Сер, а во 1902 година станува член на ТМОРО, а потоа бил назначен за драмски околиски војвода. Го придружувал Г.Делчев во ревизија на четите во Серскиот револуционерен округ.

На 4 мај 1903 година, кај с.Баница (Серско), заедно со Г.Делчев и уште неколку други војводи загинале во борбата со турскиот аскер.

<< Претходна | Следна>> | Именик