| Роден е во с. Сланско, Крушевско, во 1851 година.  Еден од најстарите дејци во Револуционерната организација и чесен борец против  беговско-османското ропство. Во 1899 година е четник во  четата на Ј.Пиперката, а во 1900 година во четата на М.Ацев. Во 1902 година е во четата на В.Марков. На 30 јуни 1902  година Окружниот комитет во Битола го назначи за крушевски војвода.   За време на востанието, при ослободувањето на  градот Крушево, Ѓ. Наумов како стар и искусен војвода играл значајна улога во  праврењето на планот за борбата.   Храбро загинал во борба со многуброен турски аскер  во ноември 1904 година кај с. Слатина, Кичевско. |