Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Гоце (Георги) Николов Делчев

Гоце Делчев е роден во Кукуш на 23 јануари 1872 год. Основното образование го завршил во родниот град, а гимназијалното во Солунската машка гимназија. Во пролетта 1892 година стапил во Военото училиште во Софија. Оттаму е исклучен на 16 септември 1894 г. и есента истата година е назначен од егзархијата за учител во Ново Село - Штип, каде што работи две години и целосно му се посветува на револуционерната дејност. Преместен е во Банско, но, подозрив од властите, принуден е да го напушти учителствувањето и да стане нелегален апостол.

Од крајот на 1896 год. до 1901 год. заедно со Ѓ.Петров тој е задграничен претставник на ВМОРО во Софија.

Г.Делчев непосредно учествувал во изработката на вториот устав на ВМОРО во 1896 година, со кој настапи нова, повисока фаза во развитокот на македонското-ослободително движење.

На Гоце Делчев му припаѓа заслугата за создавањето на организацијата во Штипско, Кочанско, Радовишко, Струмичко и Кукушко. Тој ги организира и првите канали на организацијата, по кои се пренесува организационата пошта, агитациони материјали и оружје. Создава погранични пунктови во Ќустендил, Дупница, Самоков, Кавакли и други места. Се создава и курирска служба, во употреба се воведени и шифри,  хемиско мастило и псевдоними. Така под раководство на Г. Делчев се оформи организационата структура.

Загинал на 4 мај 1903 година во борба со турскиот аскер, во с. Баница, Серско.

<< Претходна | Следна>> | Именик