Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Иван Хаџи Николов

Роден е на 24 декември 1861 година во Кукуш. Основното образование го добил во Кукуш. Продолжил во Пловдив и Свиштов и завршил високо трговско училиште во гр. Линц (Австрија). Бил учител во Костенец, Воден, Кукуш, Лерин и во Солунската гимназија. Во 1893 година отворил книжарница во Солун и ја напуштил гимназијата. Тој е еден од основачите на ТМОРО во неговата куќа на 23 октомври 1893 г. и член на ЦК до јануари 1901 година, кога бил затворен со другите членови од ЦК и заточен во Подрум-Кале (Мала Азија).

По амнестијата  1903 год. се преселува во Софија и се занимава со книговодство и трговија. Заболен и душевно растроен, се самоубива на 9 јули 1934 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик