Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Јосиф Даскалов

Роден е во 1868 година во Кратово. По занимање бил учител. Во Организацијата стапува многу рано и бил еден од главните организатори во Кратовско.

За време на Виничката афера (1897) бил затворен од турската власт и во затворот подложен на инквизиторско мачење. За да ги заведе, на турската власт и посочил лажно место, каде божем се наоѓала скриена архивата на Организацијата од Кратовскиот реон. Кога ја одвел полицијата на тоа место, се прекрстил и скокнал од една висока карпа во бездната. По некое чудо останал жив.

Умрел во 1909 година, отруен од Турците.

<< Претходна | Следна>> | Именик