Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Кирил Прличев

Син на Григор Ставрев Прличев и Анастасија Узунова. Роден е во Охрид, на 01.03.1875 година. Тој е син на Григор Ставрев Прличев и Анастасија Узунова.

Во 1896 година учествува како делегат на основачкото собрание на ВМРО во Солун. Во 1901 год. Станува член на ЦК на ВМРО во Солун. За време на Илинденското востание е учесник како војвода бо обединетите чети под раководство на Хр. Чернопеев.

Во три наврати е секретар на Задграничното претставништво на ВМРО. Во 1902 раководено од Г. Делчев и Ѓ. Петров, 1903-1905 раководено од Х. Матов и Х. Татарчев и 1915-1921 раководено од Т. Александров и А. Протоѓеров. Од 1921-1931 е задграничен претставник на ВМРО.

Во 1923 г. е член и основач на Македонскиот научен институт во Софија. 

После востановувањето на бугарска власт во Македонија во 1941 година се враќа во Охрид и е директор на Народниот музеј.

Автор е на неколку книги и редактор на неколку списанија, како и преведувач од француски, германски, грчки и латински на дела како на: Волтер, К.Маркс, К. Кауцки, Ц. Милс, Г. Брандес, Г. Жулуи и др..

Во 1944 год. е уапсен во Охрид од комунистичката власт и на 09.02.1944 година умира во неразјаснети околности.

<< Претходна | Следна>> | Именик