Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Кузе Стефков

Роден е на 25 септември 1875 година во с. Загоричани, Костурско. По завршувањето на Солунската егзархиска гимназија станал учител во Костурско. Во редовите на МРО стапил во 1898 година. Во 1901 година паднал во затвор. Кога го носеле на судење во Корча, успеал да им избега на турските стражари. Се повлекол во илегалство, а по извесно време бил избран за војвода во Костурско.

На 15 февруари 1902 година, кај с.Шестеово, Костурско, при еден судир со турскиот аскер бил тешко ранет. Сепак успеал да се извлече од обрачот и да се засолни во куќата на неговата свршеница. Таму, по извесно време им подлегнал на тешките рани. Неговата свршеница, учителката Василка Иванова, неможејќи да ја прежали смртта на Кузе, се самоубила над неговото мртво тело.

<< Претходна | Следна>> | Именик