Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Мицо Делчев

Помлад брат на Гоце Делчев. Роден е во Кукуш во 1875 година. Уште од најрана младост тргнал по револуционерните стапки на својот прочуен брат. Немал раководни функции во Организацијата, но се истакнувал со својата храброст и приврзаност кон македонското ослободително движење. Бил еден од првите терористи на ТМОРО. Потоа станал четник во четата на Х. Чернопеев.

Загинал во една борба против турскиот аскер во август 1901 година, кај с. Бајалци, Гевгелиско.

<< Претходна | Следна>> | Именик