| Роден е во 1873  година во Гуменџе, Ениџевардарско. Рано влегол во редовите на Организацијата.  Потоа станал војвода во Поројскиот реон (Серски округ) и еден од приврзаниците  на Г. Делчев. Дејствувал во Петричко, Драмско, Серско, Кумановско и Велешко. Во  времето кога Гоце се наоѓал на овој терен, Чаков бил во четата на Г. Делчев во  борбите кај Баница (Серско), на 4 мај 1903 година.  Чаков работел на  јакнење на Организацијата и на чистење на неговиот реон од завојувачките  четнички и пропагандни дејства на соседните балканаски држави. Учествувал и во  многу битки против турскиот аскер, како и во онаа во која се настојувало да  бидат спасени опкружените македонски револуционери на Ножот.  Умрел во Софија,  1938 година. |