Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Мирче Ацев - Оровчанецот

Роден е во 1859 година во с. Ореовец, Прилепско. По завршувањето на основното училиште работел како овчар, полјоделец и кираџија. Кога турците му го убиле татко му, решил да им се одмазди и затоа се приклучил во четата на Коне Павлев. Меѓутоа, турската власт успеала да го фати и го испратила во Солунскиот затвор, каде одлежал повеќе години. Успеал да избега од затворот и се префрлил во Софија. Таму бил обвинет за учество во убиството на С. Стамболов (претседател на бугарската влада) и бил осуден на три години затвор.

Во 1899 година со своја чета  заминал за Неврокопско, каде  неколку пати имал успешни судири со турската власт.

Во 1901 година на пат за Прилепско, кај селото Уланци (Тиквешко) Турците ја откриле неговата чета, ја опколиле и по тешка борба ја разбиле, при што загинал и самиот војвода.

<< Претходна | Следна>> | Именик