  | 
        Син на легендарниот Питу Гули. Роден е  во Крушево. Основно образование завршил во својот роден град, а гимназија во  Софија. Тој бил нескршливо смел и енергичен борец.  
           При едно патување со воз низ Србија,  во летото 1924 година, бил изненаден од тајната полиција и уапсен, пред да  успее да се дограби до оружјето. После многу страдања во српските тамници, бил  погубен.   |