Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Павел Поцев Шатев

Роден е во Кратово на 2 јуни 1882 година. Основно училиште завршува во Кратово, потоа во Скопје и гимназија во Солун, каде и матурира во 1899/1900. Уште ако ученик во Солун, со револуционерното дело се запознава од П.Тошев и Х.Матов. Во 1898/90 учебна година, со група млади анархисти го формираат кружокот „гемиџии“. За време на Солунските атентати, април 1903 година, тој го запалил францускиот параброд „Гвадалкивир“. Бидува уапсен и осуден на доживотен затвор. По општата амнестија од султанот (1908) е ослободен од затворот во Фезан, Африка.

Тој е еден од основачите на ВМРО (Об.) во 1925 г. Во 1931 г. се враќа во Бугарија и работи во бугарската државна безбедност, а во 1934 г. година работи како адвокат, во кое време се оддава и на публицистика. Во 1942 година во Софија е осуден на 15 години затвор.

На 27 октомври 1944 година е делегат на АСНОМ. Во првата македонска влада (1945) е избран за министер на правосудство, потоа, во мај 1946 г. за потпретседател на Президиумот на АСНОМ. На првите избори за Собранието на ДФЈ за сојузен народен пратеник.

Во 1949, по Резолуцијата на Инфорбирото, беше уапсен „како потенцијален непријател на државата“ е отстранет од јавниот живот. Во истражниот затвор во Скопје е задржан 11 месеци, а потоа е испратен во Битола, во еден вид домашен притвор каде останува до смртта, на 30 јануари 1951 година. Она што не им успеа на Султан Хамид и на цар Борис III, му појде од рака на Ј.Б.Тито и Л.Колишевски.

 

<< Претходна | Следна>> | Именик