Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Сасва Михајлов - Савата

Роден е во 1877 година во с. Мачуково, Гевгелиско. Образованието го стекнал во родното село, Цариград и Солун. Како учител и реонски раководител на Организацијата во Горна Џумаја и по учеството во аферата со грабнувањето на мисионерката Мис Е.Стоун, станува четник во четата на Ј.Сандански и Х.Чернопеев. Потоа, во почетокот на 1903 год. е војвода во Гевгелиско.

За време на Илинденското востание командувал со поголем востанички одред, извршувајќи неколку диверзантски акции по железничката линија Солун-Скопје. По востанието за кратко време се повлекол во Бугарија.

На 1 март 1905 година, заедно со четите на Апостол војвода биле предадени од овчари арнаути во близина на с. Смол-Гевгелиско. По неколкучасовниот судир со турската војска паднале 36 четници меѓу кој и војводата Сава Михајлов.

<< Претходна | Следна>> | Именик