Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Стојан Донски

Роден е во с. Битуше, Реканско. По убиството на еден Турчин (1894), избегал во планина и станал комита. Во 1895 година им се приклучил на четите што ги формирал Трајко Китанчев. Во еден судир со турскиот аскер бил заробен и осуден на 101 година затвор. Бил испратен на заточение во Дијарбекир (Мала Азија). Амнестиран, пролетта 1903 година, се вратил во Македонија и станал војвода на чета во Ресенско.

За време на Илинденското востание со своја чета учествувал во одбраната на Смилево.

По востанието се повлекол во Бугарија и оттаму, во 1904 година, со чета, повторно дошол во Македонија. На пат за Ресенско, предадени кај Турците, војводите С.Арсов и Донски биле опкружени кај с.Ѓуѓанци (Светиниколско). По жестока и нерамна шестчасовна борба, со јуначка смрт, загинал војводата С.Донски.

<< Претходна | Следна>> | Именик