Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Тане Николов

Роден е на 9 март 1873 година во Хасково, Бугарија. Учи во родниот град и потоа во воена служба. Во 1902 година ја напушта армијата со чин подофицер. Во август 1902 година е четник во четата на К.Антонов. Од 1903 година е самостоен војвода.

За време на Илинденското востание раководи чета во Тракија каде останува и по востанието.

Во 1906 година се префрла во Леринско. Во 1907 година е назначен за војвода во Прилепско и Велешко каде ги гони четите на Ј.Бабунски и Г.Љамев. Т.Николов е учесник во прославената битка „На Ножот“.

Во 1908 година е делегат на Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО како делегат на Битолскиот округ. На конгресот е назначен за ревизор на сите чети во Западна Македонија.

Во 1924 година се повлекува од револуционерната дејност во Асеновград, каде живее до смртта на 17 јануари 1947 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик