Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Спомени - Јане Сандански

III

Се засилува борбата против врховистите. - Сандански со своја чета во внатрешноста агитира против врховистите. - Оружени судири со четите на Врховниот комитет. - Кресненското востание предизвикано од врховистите.

Со две чети по 12 мина, јас, заедно со Крсте Асенов, тргнавме преку Ќустендил, пред да дојде Делчев и случајно го сретнавме на самата граница. Заедно со Делчев сите се вративме пак преку Ќустендил во Софија и тогаш ги предадовме парите. Потем заклучивме да отидеме во две посоки. - Христо и Крсте Асенов да ја фатат десната страна на Струма, а пак јас одавде – левата. Сериозно започнуваше борбата против врховистите. Јас замннав накај 6 април 1902 г. Поминавме кај селото Дометево над Бараково, со курирот Стојмен (од с. Делвино, над Џумаја), и стасавме во Делвино. Бевме 16 мина во четата беа Сава Михајлов, Ѓорги Скрижевски (од Скрижево, Драмско), учител со средно образование; Петар Милев, од с. Косач (Радомирско), со завршен 6-ти клас гимназија во Софија, Ѓоргн Баждарев, со завршена гимназија и тогаш учител внатре во Македонија, а сега студент во Високата школа; Андреја Казепов, од Ресенско, со завршена гимназија; Спиро Петров, Прилеп, се занимава со трговија, убиен есеноска на Пирин (на 4 септември во борбата кај Куклите во Пирин), чудесен песнопеец и др.. И сите други имаа завршено по два-три класа гимназија. Во Делвино се задржавме едно - два дена. Планот беше на народот да му се објаснува целта иа Организацијата, за што се подготвува, да се објасни дека не е вистина оти Организацијата не мисли за востание, меѓутоа, не тогаш кога сакаат врховистите. Им објаснувавме во што се разликуваат врховистите од нас. Им велевме, дека тие се луѓе на дворецот, дека сакаат да ги предберат во свои раце нишките на Организацијата, за да можат да си играат како сакаат со ослободителното дело. Со нивното востание што го пропагираа, - велевме ние, - сакаат првин да не дезорганизираат, и второ, тие како офицери, зборувале дека веднаш ќе кренат востание, сакаат по секоја цена да го кренат востанието. За пример наведувавме дека од востанието во 1895 год. имаше корист само кнезот, а имено дека го признаа. Велевме дека според наше разбирање востание може да се крева само ако сите се подготвени, без да се надеваат на надворешни ветувања, дека треба првин да се увериме дека сиот народ е подготвен. Сето тоа треба да се организира и кога ќе се видн дека сме достатно силни, тогаш може да се решава за востание. А оние, врховистите, постапуваат инаку, - велат, вие само востанете, па оттаму доаѓа Русија, оттука доаѓа Бугарија. А вие, кога ќе видите дека сте излажани, наскоро ќе потклекнете. Им објаснувавме дека тоа прашање не е бугарско прашање туку европско прашање, и дека Бугарија и да сака не може да го решава сама. Ние мораме да го поставиме на меѓународен план итн.

Од Делвино отидовме во с. Х'рсово и Маралево, сe така агитирајќи. Пред мене врвеше една чета, водена од капетанот Ѓорги, Арнаутин (Бугарин - Арнаутин, чаркчија) со дваесет мина, чета на врховисти. Тој беше нов, а неговите луѓе беа сите кои арамии, кои арнаутчиња, пијаници. Тој им велел да не неслушаат што им зборуваме и сл.. Од Маралево испратив до тамошниот раководител во Градево да ни испрати еден курир. А пак таму се наоѓал капетанот Стојанов, со околу 18 мина, а таму отишол и капетанот Ѓорги со својата чета. Поради овие чети раководителот не ни испрати курир, бидејќи страхувал дека ако отидеме и ние, може да дојде до судрување, па ќе пострада селото. Направнле и пусија. Во Маралево дури се беа обиделе да не погубат со труење (со жива); најдов жива во сланината. Насетив дека има заседа во Градево и затоа решив да направам заобиколка и да одиме во Разлог.

Стасавме во с. Недоб'рско. Тоа беше во април. Тука немаше агитација од страна на врховистите. Сепак поприкажавме за работите, за постапките на врховистите и сл.. Потоа заминавме за с. Годлево, вечерта ги собравме селаните и им зборувавме. Отидовме во Банско. Пред тоа го натеравме едно момче, Миле да им пспрати писмо до раководителите во Недо'брско и Годлево. Тие се посомневале ние да не сме врховисти. Кога стасавме во Годлево беше дојдена и месната чета од Банско, за да не спречи ако се покаже дека сме врховисти. Потоа заминавме во Банско, набавивме што ни требаше и ја повикав неврокопската чета. Водач и беше Атанас Тешовалијата, а секретар Куслев. Ја зедов и банската чета, и испратив курнр во Влаи, да дојде човек да не прифати па да отидеме во селото. Ни одговорија дека не можат да не одбијат, туку таму во близина биле врховистичките чети, па можело да дојде до судрување и селото да им настрада. Сепак решив да отидеме во Влаи. Тргнавме за таму на 24 април. Поминавме преку врвот Елтепе - па по Влашката Река; таму има чаркови, се распрашавме за селото и влеговме во малото Полена. Ги разместив момчињата во пет куќи. Испратив да дојде раководителот Тошков Никола, да позборуваме. Дојде вечерта. Изутрината со него ја преместивме четата во едно друго маало, во куќата на Стојмен Марушино. Следната вечер ги собравме сите, им зборувавме, им објаснувавме. Нив им прикажувале дека јас со парите од мис Стон сум отишол во Европа, во Будимпешта и др.. па се чудеа што ме гледаат. Тука поседевме 3-4 дена и оттаму заминавме во село Оштава. И тука беше истото - собрание; ги убедувавме луѓето да не бидат заведувани од врховистите, дека тие ќе ги изгорат и ќе си отидат во Бугарија, а тие ќе останат да страдаат и сл.. Заминавме во Сенокос. Дојде раководителот Мицо Чакалски. Со него отидовме во селото. Мицо имаше завршено втори клас, се занимаваше со трговија. Многу добро ги разбрал работите. Го запрашав, како смета тој, дали разликите меѓу нас и врховистите се само во тоа, дали да биде едниот или другиот. Тој не веруваше во агитациите на врховистите, што стасуваа дотаму да им велат дека при осветувањето на Шипченскиот храм ќе дојдат руски војски и сл.. Овој Мицо добро ги разбираше нештата, не се заведе од врховистите. Сенокос беше единствено село што не беше заведено и не востана.

Отидовме во Кресна. Тука раководител беше Андреја Мицов. И тој не остави да биде заведен и селото не востана. Откако се задржавме таму два-три дена, заминавме во с. Мечково. Тоа беше заведено од врховистите. Раководителот на Организацијата, Кипре, беше избегал со врховистите, затоа што злоупотребил пари, околу 26 лири, па затоа се одметнал од Организацијата, бидејќи инаку требаше или да ги врати парите или да биде казнет. И во Мечково ги собравме луѓето, ги разубедувавме. Пак се вративме во Сенокос. Таму дојдоа да ми кажат дека во Србиново се наоѓал Стојанов. Со Мицо заклучивме да му предложиме на Стојанова да излезе на натпревар со нас пред делегати од околните села – по 5-6 мина од село. Му испратив писмо на Стојанова: „Бај Стојанов узнав дека сте во близина; бидејќи и вие и ние работиме за народот, ајде да го свикаме на една средба и пред него да се објасни сe и сл." Стојанов грубо и простачки ми одговорн пишувајќи меѓу другото: „Па што претставуваш ти?! Јас сум делегат на Врховниот комитет, а населението не треба да знае што правиме". Јас повторно му пишував и настојував да се сретнеме. И по третпат му пишував. Тој ми одговорн дека ми ја фрла ракавицата, ми објавува двобој. Видов дека одбегнува, и тогаш влегов во селото Србиново, и ги распоредив момчињата во едно маало, по 4 момчиња в куќа. Со себе си го водев Сава, затоа што врховистите беа пуштнле клевета дека дошло до злоупотреби со парите, за кои давал признаници, па ги поканив селаннте да ги извадат признаниците, па да се види, - еве го и самиот Сава Михајлов пред нив. Тоа село беше сето заведено. Па и раководлтелот од Србиново беше избеган, бидејќи му беа збркани сметките. Ги собравме и тука селаните. Веднаш селаните дојдоа вооружени. Моите момчиња стоеја настрана, вооружени. Јас им зборував. Некои ми одговорија: „Не зедоа на душа; Павле - раководителот и попот (поп Најден) ќе не нспотепаат што сме дошле кај тебе". Стојанов дури им велел: „Ами оној аскерон зошто е, зошто не го повикате да ги избркаат?" Јас им велев дека ние нема да ги учиме на предавство. Ние нема ни да се помрднеме од селото, ќе се биеме. Побарав пред селаните отворено да направиме сметка, но попот не доаѓаше, и така сал нe лажеше па 11 дена се задржавме во селото. Сметките беа кај него, а на селаннте им велел: „Парите му ги дадов на Сава и тој ги изел." Најпосле го најдовме скриен во избата од нетовата куќа. Едно момче зеде едно од неговите деца и влезе со свеќа внатре. А попот внатре со навртена пушка. Го извлековме надвор, го натеравме да ги даде сметките. Тој почна да моли и не можеше да укаже никакви злоупотреби од Сава, затоа што тој самиот ги беше изел парите. Во меѓувреме Стојанов им велел на селаните од селото Ораново дека ќе сторат голем грев ако не го предадат Сандански, затоа што Сандански не сака востание, бидејќи се храни од нив, а бугарската војска е во готовност, па и руската исто така и сл..

Отидов пак во Разлог. Се врати неврокопската чета. Се врати Сава во Бугарија. И неколцина од мојата чета се вратија (Филип од Косач, Ѓорги Леунлијата од Воден, Христо Млаџов и Лисненскн од Дупница). Мојата чета остана со околу 10 мина. Ги зедовме со нас разлошките чети. Дојде писмо од Мелник, дека селаните се бунтувале и барале за 30 дена да им бндат дадени пушки или во спротивност ќе го дотерале Дончо. Затоа ме повнкуваа на помош во Мелничко. Потем се разболев, ми се вртеше умот, паднав; тоа беше на Пирин, во месноста Чаир. Оттаму дојдоа двајца селани од селото Мал Цалим, - Нико и Иван, и отидовме во куќата на Нико. Потоа им јавив на учителите и чорбаџиите од сите околни села да се соберат во с. Дебрене. Тоа беше на 23 јуни 1902 год. вечерта. Отидовме во Дебрене. Беа собрани чорбаџиите и учителите од градот и селата. Им говорев за историјата на Организацијата, за нејзината цел, за разликите меѓу нас и врховистите и за нашата задача да го оневозможиме штетното делување на врховистите. Узнавме дека капетанот Ѓорги, што беше останал со само 5-6 мина, бидејќи другите од неговите момчиња, еден по еден, избегале во Бугарија, се наоѓал кај селото Љубовка. Испратив писма по селата да ми јават каде е, за да отидеме кај него. Меѓутоа, тој го насетил тоа и избегал во Каршијакот - во Петричко. Потоа се собравме со демирхисарската чета на дедо Илија и со учителот Кошанов од Серез. Се разделивме и јас почнав едноподруго редум да ги обиколувам селата низ Мелничко: Сугарево, Долјани, Сушица, Држаново, Љубовка, Орманите - Горни и Долни Орман, Гоже, Дебрене и Белевешчево. Еден дел од моите другари ги обиколуваа селата Љубовишта, Черешница, Ковачево, Калиманци, Д. Сушица, Х'рсово, Врана, Хотово (Отово). Во сите села по ред поставувавме раководни тела од по 4-5 мина: еден претседател, еден благајник, а другите советници. Членовите беа распоредувани по десетини, и насекоја десетина имаше по еден десетар. Тој беше должен секогаш да знае за своите 10 мина, кој каде е на работа; требаше да варди на нивното олеснување (кражба, блудничење, пијанство), да собира членски вноскн за ослободителното дело, да им постава задачи подеднакво на снте по ред. Десетарот е должен да му јави на раководното тело за сите нередности на некој член, а пак ова правеше истрага за тоа пред сите десетари. Десетарот беше должен да варди луѓето да не одат по турски судови.

Во текот на јули дојдоа Власи Каракачани од влашките села Божово, Шантово и Лопово. Ги собравме и на нив и им зборувавме. Во Божово раководител беше Бугарин, „Дуката", а ќеаите од селото Стерчјуш - Христо Шоматата и Ничо од Божово беа раководно тело. Во Шатрово раководител беше Димитар ќеаја; во Лопово - Васил Инџето, - сите Власи. И тие стапуваа во Организацијата. Ги собиравме во црквите и им зборувавме.

Ни јавија дека Саракинов и арамиите Ангел Спанчовалијата и Тошо Банскалија, сите околу 18 мина, го фатиле ќеајата Христо Шоматата (од Божово) и Кољуш, син му на Ничо, со цел да изнудат разни плјачки, - осумнаесет кепиња, 40 рала чорапи, 20 фанели, 5 рала бечви - гајтанлии, тутун ракија и др. - во вредност од околу 38 лири - и ги задржале луѓето додека не добиле сe. И ги натепале селаните, им заклале околу 18 бравје и им зеле кајмак. Ни јавнја дека тие фатиле накај Разлог. Испратив 6 мина од четата на чело со Иван Вапцарот, а 4 вратив да ги обиколуваат селата долу низ полето, на чело со Миле Бизев. Јас се бев поболел, па со тројца останав во селата, - се задржував во Шатрово, Сугарево, Сушица, Љубовишта, Черешница. Бев мошне болен. Стаса вест дека оние 6 мина слегнувале докај Бељово (Мелничко) кај „Спанов Преслап". Ја повикавме и демирхисарската чета на дедо Илија и неврокопската на Тешевалијата. И јас отидов таму. На селаните им нарачав никако да не му кажуваат на Саракинова, што им беше нарачал на селаните да ме убијат, затоа што во ќесето сум носел 400 лири од парите за мис Стон. Поставивме заседи уште првата вечер, туку никако ги немаше да поминат. На вториот ден, дење, ги здогледавме со бинокл, беа тргнале во една насока сите 18 мина. И таму се судривме. Ние бевме: Тешовалијата со тројца, дедо Илија со 6 мина и ние 14 мина. Од нив паднаа 5 души мртви, останатите побегнаа. Од нашите немаше ниту ранети ниту убиени. Престрелката потраја едно два часа. Ги прибравме убиените. Кога се биевме Турцнте не гледаа од спротива. Селаните, наши луѓе од с. Бељово, ги закопаа убиените. Кајмакамот, кога узнал, рекол: „Тука комитите се во две партии - Дончо и оние од Бугарија сакаа да прават востание, а овие со Сандански не им даваат, сакаат поцврсто да работат."

Се судривме на 6 август на Преображение Господне. Саракинов со 13 мина избега во Бугарија. Го гоневме донекаде и тој префрли накај Кресничко. Ние се враќавме од Атмегдан за Мандрата на Чаир. Во тоа време Дончо и Стојанов, што од Каршијак ја прегазиле Струма, не беа здогледале. Кога седнавме на Мандрата, беше угреала една месечина, имавме и стража, туку тие веќе не опколисаа. Беа фатиле едно Влавче и тоа подвикна. Си рековме дека е мечка; момчињата ги наполнија пушките, се стрчаа, туку Влавчето свика - така го натерале - „нема ништо, нема ништо!" Се вративме назад, вечеравме и тргнавме да одиме понатаму еден по еден. На еден пат не пресретнуваат во темнината и не повикуваат. Нашите ја бараат лозинката - што беше „шума и штица", - а тие одговорија со нивната: „чума - колера". Ние помисливме дека се аскер. Припукаа пушки од нивна страна, засвире и труба и ние мутлак си помисливме дека се аскер. Од нашите загина едно момче од четата на дедо Иљо, по име Стојан од Крчово (Дем. Хис.). Пред тој ден сонил дека го укасало куче. И ние убивме еден од нив, некој си Стојмен од с. Микрево, во Петричко и смртно го ранивме Атанас Јанков, родум од Бугарија. Јанков, кога паднал го боднал со ножот и Дончо, па така и овој беше ранет. Потоа се разбегаа, а ние си пробивме пат. Утре изутрината од Власите узнавме дека тие што го оставиле и убениот биле врховисти. Нашето убиено момче си го скршило и часовникот, за да не го земат Турците - си мнслело дека сме се судриле со Турците. Тоа стана на 10 август, 1902 год..

По оваа борба слеговме по селата. Четите се разбегаа и си отидоа во своите реони. Од моите луѓе во Бугарија се вратија Иван Вапцарот, Христо Беличенче, Миле Бизев, Мирчо Максимов. Овој беше учител во Мехомија, беше легален, а одеше со мене само во време на распустот и пак си се врати во Македонија. Ангел Војничето, од с. Бистрицн во Дебарско, (сега послужител во Високата школа) и Иван Добриништалијата - и тие се вратија во Бугарија. Останав со 8 мина - сите од пописмените: Спиро Петров од Прилеп, Андреја Казепов од Ресен, Петар Милев, Стојо Хаџиев од Голишево (Демир-хис. завршил гимназија во Битола) Христо Бидински од Дупница (завршил 2 клас, кондураџија), Ѓорги Иванов од Спанчово и Крсто Савов од Белица (Разлог). Потоа започнавме со агитација низ селата: Бељово, Храстна, Ковачево, Черешници, Калиманци, Врања, Х'рсово, Мари-Костеново, Капотово, Отово, Спатово, Орманите, Дебрене, Белевешчево, Љубовка, Мал и Голем Цалим, Лилјаново. Имаше и разгледување на судски дела. Испратив писма да дојдат и од другите чети - од демирхисарската, драмската, неврокопската и серската, па да отидеме во Кресничко, да ги нападнеме врховистите, за да го попречиме востанието. Пред тоа имав добиено пнсмо од Петричко и од Кресничко - од селата Игуменец, Палат, Штрбаново, Рибница, во кои ме молеа да дојдеме за да им дадеме поддршка да се откинат од врховистите, што веќе го подготвуваа востанието. Селаните разбраа дека ќе останат изолирани, па ќе пострадаат. Се собравме сe на сe околу 38 мина. Тргнавме накај Кресничко.

Кога се искачивме високо на Пирин еден Влав нн кажа дека одиме попусто, дека врховистите веќе кренале ѓурултија-востание, и дека аскерот се раздвижил. Ние тогаш се вративме назад накај селото Пирин. Дончо и Стојанов, кога биле потерани од аскерот, побегнуваат во Мелничко и во с. Божово го фаќаат чорбаџијата Дуката затоа што порано не гн примал и зашто не ги послушал пред нив да ги убедува селаните да востанат - да им се придружат - и затоа го убија. Тогаш дојде писмо да ги прифаќаме тие врховисти што беа избегале н барале да се засолнат во нашите реони. Тоа беше во септември.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина