Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Спомени - Лазар Димитров

ПРЕДГОВОР

Спомеиите и записите на Л. Димитров, коишто се соопштуваат овде, претставуваат суштинско дополнување на податоците за револуционерното движење во Дебарско, публикувани во Третата книга на „Материјалите", односно на спомените од војводите Дејан, Смиле и Митрев. Кон усниот исказ на Лазар Димитров за настаните во Дебарско во текот на Илинденското востание, приложувам и неколку пишани, фрагментарни белешки кои содржат подробности за движењата на четите и нивните битки со турските војски и арнаутскиот башибозук. Поголем дел од белешките се напишани од Л. Димитров, кој и самиот е родум од Дебарско. Тој е мој поранешен студент по словенска филологија, долгогодишен учител во Одринско и во Македонија, а на истата идеја продолжува да и служи и овде, во Бугарија. Во спомените на Димитров важно место зазема и исказот за дискусиите на тајниот Солунски конгрес од 1.1.1903 година, кога се донесе судбоносната одлука за дигање општо востание во Македонија и на кого Димитров бил делегат од Серскиот окружен револуционерен комитет. Интересни се сведоштвата на Димитров и за револуционерната организација во Одринско. Силен впечаток оставаат претпоставките на Димитров дека Гарванов, кој на конгресот за заложувал за задолжително дигање на востанието, работел во договор со влијателни лица од егзархиската средина од Цариград. Ставовите на Димитров не се доволно поткрепени со факти, па ова интересно прашање треба дополнително да се расветли.

Пишуваните белешки кои се приложуваат кон исказот на Л. Димитров, почнуваат по З-та глава со – „1 Четата на Марко војвода Дримколски" и др. Еден дел од ракописот кој содржи нафрлени и малку поврзани статистички податоци и имиња на селски војводи, датуми на битки и сл. не можеше да биде искористен. Од своја страна јас го поправив правописот на ракописот.

Љ.М.

Почеток | <<Назад | Напред>>