Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Спомени - Лазар Димитров

Дејствата во селото Ташмаруништа (Малесија)

На 19 јули, по наредба на реонскиот војвода Тале, стариот четник Пантелеј од Октиси, отиде во селото Моруништа каде ги повика и струшките полски села да се дигнат иа востание. Повикот им го прочита на претставници од селата Ложани. Драслајца и Глобочица. На 20 утрото, селската чета од Моруништа, составена од 40 души, се биеше во селската шума, а вечерта и ноќта и се придружиле сите вооружени и невооружени мажи од Ложани и Драслајца. На 21, свештениците од Ложани и Моруништа, по наредба на Пантелеј, кој беше назначен за командант, отидоа во мудурлакот во Велгошти и рекоа дека ноќта во нивните села дошле комити и со сила ги избркале сите селани в планина. Во текот на денот, четирите чети броеја околу 130 души, од кои вооружени беа 80. На 22 јули попладнето, Пантелеј испрати писма напишани на труски јазик во блиските турски села - Богојци, Мислодежда, Наум и Татеши, со кои ги повикуваа да бидат мирни за да не им наштети. Едновремено писма испрати и во турските села Дабовјани и Велешта, но нив ги викна да излезат на мегдан. Беше планирано четите да го урнат дабовјанскиот мост на Црн Дрим и да ги нападнат овие две турски села. Вечерта, на 22, штом се стемни, четниците запалија околу 20 огнови во планината и закачија неколку црвени знамиња на повисоките места, кои се гледаа оддалеку и од сите околни села, па и од Струга. Во ноќта, еден дел од четите требаше да ги нападне турските села Дабовјани и Велешта, а друга чета да го заземе патот за Малесија, со цел тој да биде чист при повлекувањето. На 23, пред разденување, четата со 32-ца вооружени и исто толку невооружени, отвори оган врз турските села. Тие беа блиску до пусиите - на четврт час преку Дрим. Кај Моруништа, Дрим свртува северозападно, а на левата страна се овие две села. Во Велешта постојано има војска, околу 100 души, која заедно со 300-400-те души башибозук одговори на огнот од четата и почна силна борба. Четите кога видоа дека се нападнати од големи непријателски сили, почнаа постепено да се повлекуваат, а непријателот користејќи ја погодноста на теренот, почна постепено да настапува, заштитуван од меѓите и ѕидиштата. Околу пладне стаса до селата и почна да ги пали од неколку страни. Во тоа време тројца селани се скрија в црква и кога видоа дека неколку војници сакаа да ја запалат и црквата, отворија оган и отепаа двајца. Дојде поголема група и аскер и башибозук, па тројцата ги отепаа во црковниот двор. Селаните кога видоа дека доаѓаат Турците, сите избегаа в планина, со исклучок на неколку стари жени и мажи, кои изгореа во огнот. Една болна жена, беше скриена во својата куќа со две мали деца. Аскерот влезе, ја истера надвор и и ја запали куќата. Битката беше најсилна во 9 часот, по турски, попладнето, кога на непријателот од Охрид му пристигна нова помош, околу 300 војници. Борбата траеше цел ден - сe до вечерта. Преостанатите 9-мина вооружени селани, заедно со селскиот војвода Цветко Тасев, со големи маки успеаја да си пробијат пат меѓу густите непријателски редови по течението на Дрим и да навлезат во Глобочката Планина, кај што ги чекаа четите претходно испратени да го чуваат патот. Четниците кои тој ден се биеја со непријателот ниту јадеа, ниту пиеја нешто. По целиот ден поминат на жешките сончеви зраци, толку многу беа жедни што вечерта, откако се оддалечија од непријателот, скокнаа во Дрим за да ја изгасат жедта. Поради битката целото село, со исклучок на една куќа, беше запалено. Добитокот и сета покуќнина беа разграбани, нивите изгорени, црквата ограбена и изгорева, само внатре. Во борбата имавме 11 мртви четници, загинаа и 14 невооружени, а 4 беа ранети. Непријателот, според зборовите на очевидци, имал 70 мртви - на дел од нив телата им биле фрлени во Дрим, а еден дел другиот ден ги товариле на коли. Истиот ден Турците фатиле двајца невооружени селани од Драслајца и една девојка од Моруништа, која ја однеле во Лабуништа и ја потурчиле за жена на касапот Асан. Селаните ги однесле во Мудурлакот на Велешта и по големи измачувања да кажат што знаат за движењето, ги однесле во Охрид и ги затвориле. Телата на убиените и вооружени и невооружеви селани останаа непогребани. Селскнте кучиња 2-3 недели се хранеа од труповите на загинатите и одвреме-навреме носеа во селото - коса, рака, коски, човечка глава и сл. Местото кај што паднаа жртвите беше сето смирисано - не можеше да се помине.

Четите уште другиот ден, на 23, отидоа во Малесија, а жените и децата од Моруништа, заедно со неколку старци, останаа во Глобочката Планина. Башибозукот и аскерот уште долго по битката секој ден навраќаа во селото за да го ограбат она што останало. Две неделн по битката, старите, жените и децата, натерани од гладот, дојдоа во селото и се прибраа околу пепелиштата. Башибозукот и аскерот ги обесчестија и измачуваа жените и децата, додека неколку старци, заедно со неколкумина невооружени селани, ги предадоа на аскерот во Велешта. Беа прииудени тоа да го направат зашто аскерот не им дозволуваше ниту да живеат во селото, ниту да питаат по околните села, ниту да работат. Често се случуваше кога жените одеа да питаат по блиските села и во Струга, на враќање да ги пречекаат башибозуци на дабовенскиот мосг, сe да им земат и да ги фрлат во реката.

Во битката најмногу паднаа од четите на полските села Ложани и Драслајца, кои имаа борбено искуство.

Почеток | <<Назад | Содржина