Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Арсениј Јовков (Пејко Селечки)
Роден е во 1884 година во с.Селце, Дебарско. После матурирањето (1903) во битолската егзархиска гимназија, веднаш им се придружил на востаниците, активно учествувајќи во Илинденското востание.

Како политички емигрант во Бугарија, во периодот 1921-1924 година го издавал весникот „Илинден“, орган на Илинденската организација во Софија.

Во 1924 година е убиен во Горна Џумаја (Благоевград), заедно со други раководители на Илинденската организација.

<< Претходна | Следна>> | Именик