|  | Роден е во с. Синитево, Пазарџиско, во 1875 
          година. Истакнат деец и војвода од Илинденскиот период. Бил раководител 
          на повеќе револуционерни реони (во 16 реони). Се истакнувал со 
          голема храброст, смиреност и презир кон смртта. Учествувал во 
          преку 30 борби со турскиот аскер. За време на Илинденското востание 
          дејствувал во Кратовско. По востанието својата дејност ја продолжил 
          во Македонија. На 25 јуни 1905 година со 13 другари бил опседнат од турскиот 
              аскер меѓу селата Куклица и Пендек (Кратовско). Се развила нерамна 
              борба која траела полни 11 часа. Согледувајќи ја безизлезната 
              состојба, извикувајќи „Да живее слободна Македонија“, извршиле 
          саможртва, уништувајќи го претходно своето оружје и архивата. |