Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Атанас Иванов
Роден е во Прилеп во 1874 година. Повеќе години бил учител во прилепските села, а потоа во Прилеп и Ресен. Многу рано се вклучил во редовите на Организацијата. Бил член и секретар на Првиот револуционерен комитет во Прилеп.

Иванов бил организатор на повеќе терористички групи. Бил затворан неколку пати. Во 1902 година се приклучил во четата на П.Ацев, а во 1903 година во четата на Христо Оклев-Попето, каде бил секретар. Тој зел активно учество и во Илинденското востание.

Во 1904 година се префрлил во Бугарија, каде што и починал.

<< Претходна | Следна>> | Именик