| Неговиот прадедо во Крушево се доселил  од с. Свињишта, Охридско. Роден е во Крушево на 28 јуни (с.с.) 1880 година.  Основното образование го завршил во родниот град, а гимназија учел во Битола,  каде после ученичкиот бунт во 1898 год. против егзарсиската администрација и  против владиката Григориј, заедно со други 17 ученици е исклучен. Потоа  гимназијата ја завршил во Солун, па му се посвети на учителствувањето. Во сите  места се среќавал со видни личности на ВМРО и како хроничар ја бележел сета  нивна активност и настаните во Македонија.  Илинденското востание го затекна во  родното Крушево, во кое зел активно учество и бил еден од блиските соработници  на Н.Карев. По востанието бил раководител на ВМРО во градот. Ифтиман  (Бугарија), Дебар, Голо Брдо и Корча.  По Втората балканска војна своето  семејство го префрлил во Бугарија. Потоа завршил правни науки во Софија и  работел како учител, па како финансиски службеник а потоа се занимавал и со  други дејности.  Оставил доста историски трудови, како:  „Со поглед кон Македонија“, „Крушево и неговите борби за слобода“, „Епопејата  на Крушево“, „Светлина кон темнината“ и други. Познат е и како драмски писател  и поет.  Умрел во 1962 година.   |