Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Никола Петров - Русински

Роден е 21 ноември 1875 година во с. Русиново, Беровско. Неговата револуционерна дејност почнува од 1895 година. Рано му се придружил на Гоце Делчев во неговите обиколки низ Македонија. Истакнат организатор и војвода на чета, најмногу работел во Западна Македонија – Мариовско, а потоа во Охридско струшкиот крај. Учествувал на Смилевскиот конгрес, а како војвода со чета, за време на Илинденското востание дејствувал во Мариовско.

Во 1908 година легално живеел во Битола, посветувајќи и се на социјалистичката пропаганда и сидникалното движење. За време на фашизмот Русински го потпомагал антифашистичкото движење во Бугарија.

Умрел осамен и сиромав во своето родно село Русиново, на 14 јули 1943 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик