Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Солунскиот атентат и заточениците во Фезан

ЗАТОЧЕНИЦИТЕ ВО ФЕЗАН

НА ПАТ ВО ЗАТОЧЕНИШТВО

Една долга, стројна редица од 156-мина, сите во окови, весело и шумно поминавме низ солунските улици, громогласно пеејќи бунтовнички песни. Бевме стасани до владиниот дом, кога одјачи песната:

Зората веќе грее
Честа не вика в бој;
За правда кој милее –
Нек стапи в нашиот строј.

Врвулицата поминуваше низ солунската чаршија, преполна со луѓе, а песната продолжуваше:

Не сакаме богатство,
Не сакаме пари,
Тук сакаме слобода,
Човечки правдини.

Морето веќе се гледаше, кога громогласно пеевме:

„Прости, прости народе нештастен[1] ..."

Бевме до самиот брег. Таму почнавме:

„Жив е тој, жив... "

Власта, за да придаде поголема свеченост на процесијата или пак да ја покаже својата силна надмоќност - не знам токму - по секој испеан стих, одговараше со грмеж од топови.[2] Тој ден за првпат на солунските улици се пееја револуционерни песни. Тоа беше првата манифестација, слична на која солунските ѕидини ќе видат уште многу други во иднина.

Едно време трговскиот град Солун не беше многу растревожуван од секакви внатрешни вреви. Неговите жители ја гледаа само берзата и царинарницата. Тие со едната рака црпеа „солена вода" од морето, и ја продаваа внатре во земјата. Презадоволни од ползата што ја имаа тие си спиеја спокојно. Настаните од 1903 г. ги натераа да се подзамислат, дури и да се тресат, кога ќе станеше збор за Бугарин. Навистина, колку наскоро се навикнаа! Кога редицата поминуваше по улиците, во текот на сето време, од владиниот дом до самиот брег на морето, солунските граѓани стоеја од двете страни на улиците, и се загледуваа со големо чудење во заточениците. Нашите блиски не можеа да се доближат до нас, за да се ракуваме, од голите штикови со кои бевме заобиколени, а офицерите, се гледаше, дека се тврдокорни и со студени срца.

Далеку во морето стоеше паробродот, што требаше да ги прибере прогнаниците, а една голема гемија бавно се движеше крај новопостроениот брег, за да не однесе до паробродот.

Сонцето беше веќе на заода, и брановите во солунскиот залив се засилуваа и се распрснуваа на брегот. Небаре и тие се јадосуваа и негодуваа.

Кога гемијата се оддалечи од брегот, многубројната маса луѓе, наредени крај кејот на пристаништето мавташе со бели крпчиња - испраќачите за последен пат се збогуваа со своите синови, мажи, браќа и пријатели.

Откако се сместивме на паробродот, кај нас дојде едно лице, придружено од двајца полициски пристави, и ни даде скромна сумичка пари, дадена за нас од протестантскат а црковна општина во градот.

Сонцето се сокри зад хоризонтот, едвај се забележуваа луѓето што си ја правеа својата вечерна прошетка крај брегот, се изгуби убавиот изглед на Солун. Блеснаа светилките низ целиот град, паробродот свирна, тргна, и ние гледавме само една догунеста линија, од светилки, што ја осветлуваа крајбрежната улица. Огнена линија веќе остро ја разделуваше границата на водата од копното. Брановите на Бело Море нe понесоа пак оковани во вериги и нафрлани во една мала просторија во паробродот „Constantinople", што беше преполн со војници. По една тешко мината ноќ, в зори се најдовме пред полуостровот Касандра и се љубувавме на неговите планини, веќе обраснати со зелена шума. Вечерта кога зајдуваше сонцето, паробродот наближи до брегот на Светогорскиот Полуостров. Тивко ветре ни ја донесе опивната миризма на светогорските вечно зелени маслинки. Изутрината долго време патувавме крај брегот на светиот полуостров и се љубувавме на убавите глетки на некои од манастирите и паракливчињата расфрлени овде-онде по вишнатинките, и заобиколени со високи зелени дрвја. Ветерот се засили и од продолжителното нишање на паробродот почнавме да повраќаме. Сите велеа: „Не фати морето". Едни на самата палуба, други внатре долу, трети по скалите - насекаде повраќаа. А едни довршат го повраќањето, други почнуваат. Првите се смеат, вторите, легнати, шмукаат лимони во устите, а повеќето се бледи, стуштени, небаре боледувале од долгограјна треска. Паробродот, најавнат од јаросните бранови, упорно се бореше. Сите, дојдени на себеси од морската болест, се собравме во одделението внатре, бидејќи веќе наближивме до Кавала. Паробродот се задржа во пристаништето едно шест-седум часа, и во него дојдоа неколку агенти на поголемите трговски куќи. Известени за нашето пристигнување, дојдоа да ги видат бунтовниците. Им се чинеше дека ќе видат лавови. На овие луѓе, зафатени исклучително со трговијата, ограничени само на својата поминувачка, им се чинеше чудно што гледаат дека луѓе од секакви професии - свештеници, учители, трговци, земјоделци, сите се оковани со пранги. Паробродот запре пред пристаништето, и куќите на градот, разместен амфитеатрално, се чинеа струпачени една врз друга. Од едната страна на паробродот се гледаше новиот град Кавала, исполнет сиот исклучително со трговски дуќани, а на самиот брег на морето модерно изградени убави куќи; а од другата страна на паробродот се гледаа стари куќи, таму беше работничкиот квартал. Изутрината ма 25 април за последен пат ги насочивме погледите кон убавиот град Деде-Агач н неговите околности. На тргнување, далеку на морската шир, видовме чад што излегуваше од оџакот на еден пароброд. Тој се доближи до нас и не замина: се враќаше во нашата татковина, а пак ние ја напуштавме... Пред наши очи се нижеа разновидни глетки, една од друга позанесна, и сонцето веќе заоѓаше, кога сгасавме до Дарданелскиот Теснец, на чиј влез има висок морски светилник, а од спротива се протега нискиот азиски брег. Доцна во иоќта пристигнавме до островот Митилин. Градот прилега на некаков триагалник, продолжен на еден од аглите во основата. Во тој агол на градот имаше многу убави градини со дрвја на маслинки, лимони и портокали, а целата околина беше потоната во зеленило. На патот за Смирна два часа се насладувавме на убавите месности на тој остров.

Утредента изутрина на 27., пристигнавме во Смирненското пристаниште. Градот Смирна е сместен крај брегот на морето, на неколку високи риодови, покриени со кипарисови дрвја. Благодарејќи на својата географска положба, тој во последно време е еден од главните трговски градови во Турција. На улиците се забележуваше голема живост, а во пристаништето имаше неколку десетици пароброди, многу кораби на платна и безброј мали гемии, што се движеа наваму-натаму крај брегот на пристаништето. Слеговме во групи од паробродот и излеговме на брегот, нe пречекаа 45-50 стражари со двајца офицери, се наредивме во редица и тргнавме. По главните улици смирненските мангупчиња извикуваа: „Реформи, реформи!" - продаваа еден француски дневен весник, редактиран од еден Грк и двајца Евреи. Ние во Македонија - си рековме - бараме реформи, а пак ете тие се продавале по улиците на Смирна. На патот накај затворот поминавме низ самиот двор на смирненскиот владин дом, а од балконот внимателио не загледуваше валијата Ќамил паша. Смирненскиот затвор беше преполнет со затвореници. Не сместија во една одделна просторија, што служеше како привремен затвор. Сите влеговме во една долга и широка сала, и само наутро и навечер не пуштаа по еден час во дворот. Утредента одделија од нас 36 мина, од кои едни, осудени на по 10 години, заминаа во Подрум, а осудените на 15 години - на Родос. Другите нe задржаа три недели во смирненскиот затвор. По допрени гласови научивме дека ќе не распределат на неколку групи, туку кои од нас и кога ќе заминеме, никако не можевме да разбереме. Поголемиот дел од смирненскнот затвор е стара, ниска, камена зграда, сосем непогодна за живеење. Другиот дел (новиот затвор) е исто така ниска, долгунеста зграда, соѕидана од тули и камења, но многу подобро осветлена од стариот дел. Во смирненскиот затвор имаше 34 мина Ерменци, обвинети како соучесници во подготвувањето на атентати на некои општествени и трговски институции во СРмирна и околината. Вистинските организатори на споменатите неуспешни атентати беа избегани во странство, а повеќето од судените беа невини. Тие живееја во мошне лоши околности, какви можеа само да се замислат во крајно нехигиенскиот влажеи и темен смирненски затвор.

На 15 мај нe поставија во три одделни вериги (во 1-та 12 мина, во 2-та 13 и во 3-та 26 мнна) и гргнавме накај пристаништето. Тој ден беше многу жешко, па додека поминавме низ смирненските улици, сите бевме облеани во пот. Улиците беа преполнети од љубопитни гледачи, а ние одевме еден по друг. Стражарите - сите диви Арнаути - врескаа да одиме побрзо; првите ги забрзуваат чекорите, оние во средината запираат, бидејќи последните не можат да ги довтасаат. Сите, натоварени со облека, и други пљачки, со окови на вратовите, едвај по два часа стасавме до брегот. Аѓутантот на валијата дојде кај нас кога веќе бевме до самнот брег, и благоволи да ни каже на некој од нас, дека заминуваме во африканскиот Триполи (Гарб-Тарабулус). Вечерта паробродот „Konstantinia," командуван од капетанот П. Аргиропуло, тргна право за Триполи. Паробродот беше голем, чист, немаше многу патници. На палубата имаше достатно празно место, меѓутоа не нe оставија таму. Дење и ноќе, врзани сe така со железата, бевме долу под палубата и само наутро и навечер не изведуваа надвор на 5-6 минути, колку да се замиеме. Ние бевме повеќето на паробродот, а стражари - имаше само 13 мина. Неколкупати изјавивме дека бараме да ни ги извадат веригите од вратовите, туку жандармерискиот поручник Љуфти не сакаше да го стори тоа. Тој се плашеше од нас. Не лажеше дека штом ќе го поминеме островот Крит, ќе ги тргне железата, но ние попусто го молевме тој фанатик. Веригите што ни ги триеја вратовите тропкаа поземи, и кога го поминувавме прагот на затворот во Триполи. Седум дена и ноќи бевме постојано во окови. Без никакво телесно подвижување коските ни бее како вкочанети. Наредени во редица, се мавтавме со дробни работи, а во фантазијата со мрачни бои ни се оцртуваше Фезан, каде требаше да го минуваме заточеништвото. Навечер херметично го затвораа излезот, од каде дење го гледавме само небото, а понекогаш, иако сосем за кусо, до нас допираа сончевите лачи. 3атвореник и сончев лач! Каква среќа! Каков контраст! Навистина колку е жестока понекогаш природата! Во темното подпалубје, каде овде-онде светкаа само цигарите, по долгите наши разговори, придружени со длабоки издивки, потсетувајќи се на убавите или горчливите спомени од минатото, со мислата за неизвесната иднина, заспивав едвај по полноќ, или потокму се мачев да заспијам, за да заборавам за сe. Во тешки испитанија сонот е најголема забава, а истовремено и голема утеха за затвореникот. Во фантазијата пренесен во сосем други места, обземен од сосем инакви мисли, несвесно усеќав наслади, туку за жал колку разочарувачки стануваат тие кога при преврќањето или несвесното помрднување на некој од затворениците, железата почнуваат да ждринготат ... Тие веднаш ни напомнуваа, дека сме затвореници, оковани со вериги! Третиот ден од паробродот исчезна еден Грк, бивш разбојник, што ни го приклучија од Смирна. Најверојатно него го беа скриле неговите истоплеменици - морнарите, што рекоа дека се фрлил во морето, и ја покажуваа неговата капа што уште пливаше на водната површина. Навистина, брегот во близина а беше можно човек да стаса пливајќи до него, но на никој начин не можеше да излезе на копно, бидејќи брегот беше многу висок и стрмен. Неколку часа пред да се раздени, паробродот пристигна во пристаништето Ханеја и токму таму излезе разбојникот. Паробродот се запре трошка подалечку, бидејќи ханејското пристаниште не е погодно за да можат паробродите да се доближат до кејот. Оддалеку, низ тркалезните прозорчиња од паробродот, го гледавме Крит. Утредента изутрина, откако изгреа сонцето, излеговме на палубата, а далеку таму во градот, на една висока зграда, се развеваше турското знаме. Тоа ни ги оживеа во нас сите наши надежи. Еден ден - си велевме - исто како него ќе се развева и македонското знаме. Градот, изграден модерно, заобиколен со зеленило, се протегаше на долго растојание крај брегот. Над самиот град се вишеше една висока гола планина, на чиј врв уште имаше снег. Низ улиците на градот се гледаа луѓе со убава црна униформа и бели шапки. Тоа беше критската жандармерија. Кај нас дојдоа префектот на градот со неговиот помошник. Едно време, рече тој, овој остров претставуваше место на бескрајни самоволија, но тој со скапи жртви го откупи својот спокој, што му даде можност да излезе на патот на прогресот и благосостојбата. Критјаните, што беа дојдени на паробродот, ни изгладаа како сосем инакви луѓе. Физички тие беа здрави, подвижни и весели. Каква предност имаат тие во споредба со нас? Слободата, што ја имаат, ги беше живнала, во нивните жили чиниш и крвта беше обновена. Навистина, колку благотворно се одразува слободата кај еден народ, што сам си ја спечалил и ја закрепил со општи усилби и скапи жртви!

Паробродот тргна на запад, и по неколку часа веќе никаде не можеше да се здогледа земја. Ни преостануваа уште три деноноќија. Преку сиот пат времето беше убаво, а морето тивко и светло како огледало. Тоа ни беше единственото наше олеснување по патот, при сите несполуки и измачителниот синџир, што ни ги направи рани вратовите. Во случај на бура во морето ние напросто ќе се изповалкавме сите од оние материи што ќе излезеа со голема брзина од нашите усти. Тие разнобојни материи, со кои убаво се запознавме, кога поминувавме крај бреговите на Света Гора, заедно со нивната специфична киселкава реа, тешко да ќе можеа да не натераат да стоиме простум на нозе со часови, додека не се најдеше некој почовекољубив морнар, се разбира за добра награда да ни ги почисти леглата и облеките. Премалени до последен степен од постојаното седење на едно место, и од тешките сиџири, едвај чекавме со голема нестрпливост да видиме суша.

Безизлезната положба во која се наоѓавме - достатен белег за сиот наш иден живот - не тераше да проценуваме сосем лошо. Заклучоците до кои доаѓавме по долги премислувања, беа сосем опасни за нас. Туку човек, што е подложен на најлоши испитанија, измачуван со најтешки измачувања, губи секаква логика, и мошне лесно се подава на сосем крајни дејства. Се разбира, крајните средства не можат да не донесат и крајни резултати. Почнавме да се думаме како да најдеме начин да се избавиме од оваа, веќе неподнослива положба, во каква бевме поставени, и да бараме какво и да е избавување. Каде, со што и како? Тоа беше темата на нашите советувања. Речиси сите се согласивме да се решиме за една крајност, што единствено беше можна во случајот. А тоа токму беше да се степаме меѓу себе, а потоа, се разбира, стражарите ќе се доближат до нас, за да не разделат. Според постојните обичаи во затворите, тие, поради неопходноста, ќе не разделеа едни од други, а пак за да го сторат тоа, мораа да ги извадат барем за пет минути веригите од нашите вратови. Токму во тие минути, оние што ќе бидеме ослободени од железата, да ги нападнеме стражарите, и откако ќе им го земеме оружјето, да го уапсиме самиот капетан, па да го натераме, наместо да не истовари на африканскиот брег, паробродот да дојде на островот Малта. Меѓутоа, смртта на нашиот другар Ризо Трајков, го измени тоа решение. Па и некои од нашите другари, луѓе спо поинакви разбирања и со недостатна енергија, уште кога се советувавме почнаа да се плашат. А во студениог труп на покојниот, прострен во едно ќоше под палубата, тие ја гладаа и својата сопствена смрт. Тие напросто трепереа. Покојниот, родум од с. Ошани (Гевгелиско) беше на 35 г.. Тој одамна боледувал од офтика, и беше физички многу слаб. Истиот ден, на 24-ти мај, се изврши и неговиот погреб. Еден дел од нас излеговме на палубата, на која на едно повисочко место беше поставено телото на умрениот. Од лева страна стоеше поголемиот дел од посадата, на чело со капетанот, оддесно - стражарите со офицерот, а спроти мртовецот - ние со оковите! Морето беше тивко, а сонцето веќе достатно високо на хоризонтот. Откако свешт. Ѓорѓи Василев ги прочита соодветните молитви, ние ја запеавме песната „О! мој Боже, прави Боже!" (Хр. Ботев), и телото на починатиот ни другар беше спуштено во морето. Брановите го покрија засекогаш.

Утредената, далеку во морето едвај се забележуваше една тенка жолта линија; тоа беше африканскиот брег. Како што наближуваше паробродот, линијата постојано се зголемуваше и почнаа да се забележуваат и дрвја. Африканскиот брег, подложен под жешките сончеви лачи, претставува своевидна, тажна слика. Градот Триполи беше уште далеку. Кога наближивме до тврдините, паробродот исвире силно и долго, и запре. Сите си помисливме дека дошло до некаква несреќа. По некое време до паробродот се доближи еден чун, паробродот почна пак да се движи сосем полека, и се чини крадешкум влезе во пристаништето. Дури тогаш узнавме дека поради многубројниге подводни карпи, тој не смееше да се упати сам, туку чунот му го покажуваше патот. Кога излеговме на палубата, пред нас се покажа чудесно убава глетка, каква што немавме видено: местоположбата на градот, постројката на куќите, заедно со многубројни паркови, преполнети со палми и некои чудни за нас билки.

Триполи има многу убав иадворешен изглед. Навидум куќите му се нови, а улиците построени плански. Најубава глетка му придаваат градините со дрвја од палми, портокали и лимони, и алеите што шаренеат со најразлични цвеќиња. Тој е сместен во рамнина, и оддалеку уште се гледа целиот. Уште од паробродот се мачевме да забележиме која зграда ли е затворот. Едни покажуваа на една жолта четириаголна зграда, други велеа: „ене онаа белана, долгнавестана, бездруго е затворот", а трети се сомневаа, бидејќи сите беа без покриви. Ние сакавме да видиме покриви на куќите, како кај нас. Покривите речиси на сите куќи тука се плоскави, со различни тераси и балкони. Вечерно време, под јасната светла месечина и освежувани од тивкиот ладникав ветер, што доаѓа откај морето, жнтелите си седат таму, вечераат, и летно време дури и спијат таму. Водата од дождот, што паѓа на таа плоскава површина, се собира на едно и со цевки истечува длабоко во земја. Таа се употребува за миење, перење, а сиромашните дури и пијат од неа. Овде-онде низ градот стрчат минариња на џамиите, карактеристичен белег иа муслиманските градови. До самиот брег на пристаништето има римска триумфална арка, подигната од еден квестор (началник) во чест на императорите Марк Аврелиј и Луциус Аелиус Верус; скулптурата што е на арката не е многу добра, меѓутоа прилично е запазена. Уште кај брегот не пречекаа множество полициски агенти, стражари и неколку офицери. Сите не загледуваа со особено љубопитство. Нема веќе многубројна маса луѓе, како во Солун и Смирна. Низ улиците бавно се движеа жолтеникави, црномурни и црни луѓе, облечени во долги, бели облеки. Тоа беа месните жители, што не покажуваа никакво љубопитство за нас. Најпрвин влеговме низ една тркалезна врата во тврдината, поминавме по неколку криви и тесни сокаци, и се запревме во еден широк двор. Ни направија најстрог претрес, ни ги прегледаа облеките, ни ги тргнаа железата од вратовите, и еден по еден, не воведоа во затворот. Директорот на затворот, родум од Србија, бегалец во Скопје, каде неколку години по ред бил постар стражар, а сега унапреден во чин потпоручник, и испратен воТриполи, беше многу груб човек, го викаа Осман. Тој уште кога нe здогледа, беше до немајкаде разгневен и не пречека со множество навредливи зборови. Туку утредента сосем го измени односот спрема нас. Почна со нас љубезно да разговара. Првиот ден од нашето пристигнување му ги собудило спомените од минати времиња... Го обзеде фанатизам, својствен на секој Турчин, и падна во истап на безумност. Утредента разбра, дека и ние сме луѓе како и сите други, и сме пострадале од глупавата турска администрација и безумното правосудство.

Во триполискиот затвор не држеа еден месец. Дента пред да тргнеме за Фезан ни кажаа дека ќе заминуваме, и самиот директор зеде од секој по 25 гроша, за трошоци за пренесувањето на нашата облека. Уште истиот ден ги стокмивме неопходно потребните работи за пат, чевли, капи и слично.

Доцна во ноќта на 23 јуни, не изведуваа еден по еден од затворот, за да ни стават синџири на вратовите. Рѓосаниот синџир го протнуваа низ алките на железните белезии што на секој од нас по една, при излегувањето од влезната врата на затворот, ни ставаше на вратот самиот директор. Бевме 51 Бугарин, двајца Ерменци, еден Турчин и еден Арабјанин, сите добро опковани во железо. Откако излеговме надвор од тврдината, слушнавме одеднаш тупотница - коњица, што им се приклучи на другите војници и стражари, што не заобиколуваа со голи штикови. Тргнавме еден по друг во долга редица. Најнапред врвеше командантот на жандармеријата, со неколку офицери и со директорот на затворот. Месечината блескаше, земјата беше силно осветлена, по улиците немаше ни жива душа. Се збогувавме со наведнатите ветки на палмите, што ни навеваа само тага и печал. Отпрвин одевме сосрем тивко. Само веригите на нашите вратови и каниите на офицерите одвреме-навреме изџринготуваа. Врвејќи низ една широка улица, одеднаш слушнавме глас: јанашма! (не се доближурај, не се доближувај). Инстинктивно сите си ги свртевме главите нагоре, од каде што допираше гласот. Еден стар човек, со бела брада, облечен во бела облека, стои гологлав на еден балкон. Кој беше тој? - Валијата и истовремено воеи командант на Триполи - ни кажаа нашите другари Ерменци. Бездруо овој воен началник здогледал некаква опасност поради тоа што некои од војниците се беа доближиле до нас со своите голи штикови. Им заповедаше да не се доближуваат до нас. Во наше присуство самиот валија им даде препораки за нас на офииерите, војниците и стражарите. Кога излеговме надвор од градот, еден дел од коњицата, со командантот и директорот, се вратија, а ние, тоест 55-мина, со тројни воени офицери, еден жандармериски потпоручник, 20 мина коњаници и 11 стражари, тргнавме понатаму на пат.

1. Нештастен: несреќен
2. Тој ден беше празникот Мухамед.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина